Обожаваното италијанско модно дуо Domenico Dolce и Stefano Gabbana ја претстави кампањата за новата пролетна колекција очила за сонце која во препознатлив раскош и колорит плени со внимание преку впечатливиот дизајн.
Колекцијата се состои од очила за сонце и диоптерски очила во интересни и впечатливи облици украсени со animal принтови, обоени стакла, популарни Mambo мотиви и шарени силни бои. Едиторијалот е снимен во Капри пред објективот на познатиот Franco Pagetti.