Духот на древниот Египет проткаен низ раскошните тоалети на новата haute couture колекција на неповторливиот Elie Saab е она што би се нарекло вистинска магија.
Омилениот дизајнер на целиот моден свет уште еднаш ја остави без здив својата публика, претставувајќи ја грациозноста и елегантноста на арапската култура, проткаена низ деликатни везови, нежни ткаенини украсени со злато и сребро кои изгледаат како да би ги носеле современите египетски кралици. Тој изјави дека би сакал она што некогаш го носеле историските кралици како Неферити и Клеопатра да биде реално и возможно да го носат и денешните жени, т.е. знаеме дека оваа колекција е наменета за неговата престижна публика која ги носи неговите креации на црвениот тепих каде големите ѕвезди и елитата ќе го отелотворат неговиот сон пред јавноста.