Категории

Разбијте ја монотонијата оваа зима со НАЈСТРАСТВЕНАТА БОЈА

Црвената боја е помеѓу најдоминантните трендови за оваа сзима Причината за тоа е што во студената сезона најчесто преовладуваат темни затворени нијанси кои даваат монотон изглед, а оваа страствена боја ќе внесе живост во вашите модни комбинации.

За дамите кои обожаваат гламурозен и впечатлив изгкед, можат да комбинираат повеќе нијанси на црвена боја на себе додека оние кои се држат до неутралните, истиот ефект можат да го постигнат со додавање на едно парче било тоа да е капут, здолниште, џемпер или моден детал како тапна, марама или чевли..

Инвестирајте во парче кое секогаш ќе ви ја подигнува самодовербата и ќе се вклопува во вашиот стил како личен печат.

Прегледи:
546
Објавено на:
27.11.2017