Категории

Разладете се! Денес е Светскиот ден на пивото

Завршете ја работната седмица со ладно пиво. Наздравете во чест на Светскиот ден на пивото, кој секоја година се прославува на првиот петок од месец август.

Овој неофицијален празник за првпат бил „основан“ во 2007 година во Санта Круз, Калифорнија, а денес го имаат прифатено над 200 града од 50 држави низ светот.

Зацртани се три цели за прославувањето на Меѓународниот ден на пивото:

  • Да се соберете со пријателите и да уживате во вкусот на пивото;
  • Да им оддадете почит на оние кои го произведуваат и го служат пивото;
  • Да се обедини светот под знакот на пивото, со тоа што ќе се слават пивата од сите нации во ист ден.

ЦИТАТИ ЗА ПИВОТО

„Пивото, ако се пие во умерени количини, го омекнува темпераментот, го разведрува духот и го подобрува здравјето.“
Томас Џеферсон

„Пивото е доказ дека Бог нè сака и сака да бидеме среќни.“
Бенџамин Френклин

00-1

„Сите можат да пијат пиво, но потребна е интелигенција за да уживаш во пивото.“
Стивен Бомонт

„Мудар човек беше оној кој го измисли пивото.“
Платон

00-2

„Многу е полесно да го започнеш денот кога знаеш дека ќе заврши со едно пиво… или две.“
Непознат автор

„Дајте ми жена која навистина сака пиво и јас ќе го освојам светот.“
Кајзер Вилхелм

04

„Јас пијам пиво само во две пригоди. Кога ми е роденден и кога не ми е.“
Непознат автор

„Млекото е за бебиња. Кога ќе пораснеш, мора да пиеш пиво.“
Арнолд Шварценегер

05

„Пивото не е одговорот. Пивото е прашањето. „Да“ е одговорот.“
Непознат автор

„Не постои лошо пиво. Некои само имаат подобар вкус од другите.“
Били Картер

06

„Пивото, тоа е најдобриот проклет пијалак на светот.“
Џек Николсон

„Пријателите ти носат среќа во животот. Најдобрите пријатели носат пиво.“
Непознат автор

На здравје!

Прегледи:
764
Објавено на:
05.08.2016