Фудбалерите на Реал Мадрид ја покажаа својата класа, ја уништија Селта со 7:1. Гостите подобро почнаа, имаа фантастични шанси, но Кејлор Навас не дозволи да прими погодок. Дури во 41 минута Пепе со глава погоди за водство на кралскиот клуб. На стартот на второто полувреме следеше торпедо од Роналдо кое заврши со погодок.
Роналдо од слободен удар конечно погоди и зголеми на 3:0. Повторно Роналдо испрати бомба од слободен удар, но голманот на Селта Виго некако успеа да одбрани.
Селта Виго преку фантастичен лоб на Орељана намали на 3:1. Асистенција на Иско за Кристијано Роналдо и хет-трик на Португалецот.
Во 77 минута Роналдо со глава погоди за 5:1. 1 минута подоцна Хесе постигна нов погодок за кралскиот клуб. Повратникот Герет Бејл ги постави конечните 7:1.
Но, дел од коментарите на социјалните мрежи посочуваат и на други слични „експерименти“ кои минале незабележано, како „излупена спакувана банана“!