Категории

„Реал Мадрид“ изгуби, но Марија му кажа „да“ на Иван на „Сантијаго Бернабе“

Македонецот Иван кој е голем навивач на Реал беше во Мадрид да го гледа дуелот против Еибар заедно со својата девојка Марија Крстева. Иако неговиот омилен тим не победи, Иван беше еден од најсреќните на стадионот, бидејќи реши да направи потег кој ќе го памети цел живот, пишува Спортмедиа.

Иван реши да ја побара за жена својата девојка Марија, која кажа „да“ и го направи своето момче најсреќен човек на стадионот во тој момент.

Прегледи:
311
Објавено на:
03.10.2016