Категории

Ребрестиот сомот е повторно актуелен: Кејт Бланшет го искомбинира овој тренд за чиста десетка!

Гардеробата од плиш може да изгледа навистина добро ако е искомбинирана на вистински начин

Секоја есен и зима, сомотот станува актуелен, а оваа сезона има малку поинаква текстура. Ребрестиот сомот веќе ги преплави улиците на светските метрополи.

Овој материјал е одличен за вечерни прилики, но исто така е полн погодок и во дневните варијанти.

На самото спомнување на сомотот, дамите одмавнуваат со глава, но кога ќе видите како актерката го нагласи овој тренд, ќе сакате да ја ископирате нејзината комбинација на облекување.

Костумите се моментално голем хит, а ова од сомот е вистински моден погодок. На русокосите сите нијанси на сина боја им стојат феноменално, па ова во потемна нијанса е одличен избор.

Својот стајлинг го надополни со бела кошула, сина торба и интересни очила.

Прегледи:
566
Објавено на:
09.12.2019