Категории

Редовно внесувајте ги овие витамини и нема да имате бели влакна

Ако веќе започнаа да ви се појавуваат бели влакна, ви откриваме начин како да го запрете тоа

Кога ќе споменеме седа коса, прво што помислуваме е стареење и баби со долги бели плетенки. Но, денес се почесто се појавуваат бели влакна речиси кај секого, а зошто е тоа така?

Сивата боја и белите влакна настануваат поради отсуство на 70 посто меланин во пигментот. После триесеттата, косата постепено почнува да губи пигментација и се појавуваат бели влакна. Структурата на косата се менува со текот на годините или надворешните факори. Тогаш се појавуваат сиви или жолтеникави влакна, а подоцна ќелиите почнуваат да произведуваат хидроген-пероксид молекули, поради што влакната стануваат бели.

Најчести причини за бела коса:
-Хормонален дисбаланс
-Хроничен стрес
-Нездрава исхрана / дефицит на витамини
-Загаден воздух
-Цигари и алкохол
-Агресивни производи за нега на косата
-Болести на штитната жлезда
-Генетика

Како по природен пат да го спречите белеењето на косата?

-Бразилски ореви
-Кациум кој го има во млечните производи, сусам и мак
-Меласа
-Витамини Б група

Прегледи:
900
Објавено на:
04.11.2019