Категории

Ремек – дело на природата: Ова е една од најубавите плажи!

Плажата во пештерата Бенажил ќе ви го одземе здивот со својата природна убавина. Оваа плажа е особено популарна помеѓу туристите и локалните рибари.

Меѓутоа патот до неа е комплициран, па може да се стигне само со чамец. Возењето е преубаво бидејќи имате можност да ја истражите околната пештера и плажите кои сигурно ќе ви остават најголем впечаток од летувањето во Португалија. Инаку плажата се наоѓа во областа Лагоа (Алгарве), а идеално сместување може да пронајдете во истоименото рибарско село недалеку од пештерата.