Категории

Решете се од лошите навики со помош на овие трикови

Во ослободувањето од лошите навики често не саботира сопствениот мозок. Тоа е така бидејќи мозокот полесно ги помни навиките кои предизвикуваат моментално задоволство, без разлика на тоа какви се последиците од нив.

Откако повеќе пати ќе ја повториме истата штетна навика, во телото се создава хемиски спој на допамин, кој предизвикува задоволство. При секое наредно искушение, шансата да се прекине таа навика се сè помали. Единствен начин да се одвикнете од лошите навики е свесно и упорно да ги повторувате добрите.

  • Не го прескокнувајте доручекот Ова можеби делува како мал проблем во секојдневната рутина, но, недостатокот на енергија на почетокот на денот резултира со лоши резултати во остатокот од денот.
  • Престанете да се жалите Постојаното истакнување на лошите страни се претвора во негативна ‘мантра’. Кога еднаш ќе се вовлечете во тој круг на негативност, тешко ќе излезете од него.
  • Немојте да се фалите со плановите за во иднина Штом ги поделиме своите планови со другите, се јавува чувство како веќе да сме го оствариле тоа. Многумина се задоволуваат со тој првичен “успех” на планирањето, па на крајот се откажуваат од идејата. Потрудете се навистина да постигнете нешто пред да ја споделите идејата со другите.
  • Без изговори Изговорите служат за да докажеме дека нештата се тешки сами по себе и дека на патот до успехот секогаш не спречува нешто друго (освен самите себе).
  • Губење и до 6 часа гледајќи телевизија Луѓето во просек поминуваат помеѓу два и шест часа дневно пред телевизор, а за тоа не се ни свесни. Овој период може да го искористите за некое хоби, нови науки или друг вид на занимација која може да ви помогне на патот до успехот.
Прегледи:
390
Објавено на:
22.08.2017