Категории

Ретко која жена би се осмелила вака облечена да излезе од дома: За стајлингот на манекенката зборува цел свет!

Александра Амбросио овој пат претера во желбата да биде забележана

Ресите и сребрената боја се во тренд, но кога ќе ги искомбинирате како Александра Амбросио, тогаш тоа се претвора во стајлинг што ги преминува границите на добриот вкус.

Манекенката се појави на една прослава по карневалот во Рио. Многумина коментираа дека овој стајлинг е премногу дури и за карневалска прослава.

Таа го надополни својот стајлинг со проѕирни сандали, а и покрај лошите коментари, таа не ја тргна насмевката од лицето цела вечер.

Она што не можеше да се оспори беше нејзината убаво стилизирана коса и шминка, која беше беспрекорна како и секогаш. Иако наполни 38 години, таа и понатаму може да се пофали со совршена линија.

Ендо е сигурно, Александра се чувствува одлично во сопствената кожа и не се колеба да ја покаже својата топ форма.

Прегледи:
455
Објавено на:
25.02.2020