Бела Хадид дефинитивно е една од најпопуларните Ит-модели која оваа година постигна најмногу успеси во модниот свет. Изминатата недела таа ја доби честа за прв пат да чекори по пистата на Victoria’s Secret, а не изминувајќи неколку дена таа веќе си обезбеди нова насловна страница на која позира во сексипилно издание. Овој пат се работи за календар на списанието Love Magazine за кое таа сними фотосесија во аеробик стил. Исто така таа сними и специјално видео каде ги покажува своите атлетски способности..
https://www.youtube.com/watch?v=UrTj_mTw6WQ