Категории

Ретро фризурата која оваа есен ја обожаваме

А она што особено ни се допаѓа кај неа е што е исклучително лесна за одржување

Иако летото е период кој е веќе зад нас, повремено се враќаме и размислуваме за периодот кога уживавме во природните beach таласи во косата како и messy пунџите кои се готови за неколку секудни. Со доаѓањето на ладните температури, нашата коса неретко реагира на влага што резултира со сламен изглед кој дефинитивно не е нешто што посакуваме, но за среќа постојат одлични методи кои ќе направат вашата фризура да биде атрактивна и постојана.

Кратката коса на слоеви и шишки е дефинитивно идеален избор за есен и зима. Таа може да издржи фенирана со денови и е многу полесно да се стилизира од долгата коса. Можете да употребувате различни детали кои ќе го збогатат нејзиниот изглед. Со правилна употреба да препарати за нега како масла, регенератори и вистински шампони, таа ќе изгледа здраво и негувано дури и во најстрогите временски услови и ниски температури.