Отмениот и софистициран изглед никогаш не станува демоде
Најпопуларните фризури од ’60-тите години се повторно тренд број еден и тоа токму сега, 60 години подоцна. Ги носеа познатите дами како Џеки Кенеди, Брижит Бардо, Мери Тајлер Мур и бројни модни икони во деновите кога сакаа да изгледаат елегантно, софистицирано и отмено, а во последно време ги обожаваат модерните модни селебрити дами како Џенифер Лопез, Софи Тарнер, Ким Кардашијан, Џулијан Мур, Лили Колинс и многу други.