Категории

Ретроградна Венера носи кармички долгови: Еве што нѐ чека до крајот на јануари 2022 година!

Ретроградна Венера во Јарец носи големи промени на сите полиња. Оваа Венера носи кармички долг. Сега ни се враќаат партнерите од минатото. Тоа се оние луѓе со кои што имаме незавршени приказни. Можеби на вербално ниво сме завршиле. но душите останале недоречени – за некои за одговори, некои за прегратки, некои за секс, а некои за љубовта која боли.

Оваа Венера е ладна и достоинствена и додека владее може да очекувате да ви се јават стари пријатели, може да се вратите на претходното работно место и ова е одлично време за штедење како и за адаптација во животниот простор.

Избегнувајте естетски зафати. Сега не е вистинско време за нив. Додека е Венера во ретро движење, ќе има неколку предизвикувачки и интересни аспекти.

Венера конјукција Плутон

Овој аспект ја зголемува желбата за соединување со партнерот на подлабоко ниво, што може да доведе до тоа рабтите лесно да излезат од контрола, да биде голема љубомора помешана со посесивноста што нужно води кон кавги.

Ќе бидете во можност да ги користите неговите слаби точки. Исто така, може да доведе до средба која ќе заврши во убава и хармонична врска.

Венера тригон Уран

Венера тригон Уран е аспект кој секогаш бара нешто ново. Не сака „сигурни“ чекори. Го возбудува неизвесност. Во овој аспект може да се случи да запознаете личност која ќе ви се допадне на прв поглед, а тоаа нема да биде силна привлечност но овој аспект ќе ве доведе во длабочини и изненадувања за кои не сте можеле ни да сонувате.

Личноста која ќе ви се појави во животот секако ќе биде поинаква и во вас ќе разбуди потполно поинаква енергија. Совет за време на ретроградната Венера е да не се плашиме, да ги прифаќаме предизвиците, да го прегрнеме стариот партнер или партнерка, да дадеме уште една шанса или засекогаш да затвориме врата.

Среќно!

Прегледи:
619
Објавено на:
22.12.2021