Почестете го вашето семејство со едноставен и здрав оброк кој ќе го направите во микробранова печка за само неколку минути, но вкусот на колачот ќе го паметите многу подолго…
СОСТОЈКИ:
- 1 поголема банана
- 2 лажици путер од кикирики
- 50 гр овес
- цимет, парчиња чоколадо или боровинки
ПОДГОТОВКА:
1. Бананата убаво промешајте ја со вилушка. Масата што ќе ја добиете треба да биде толку мазна што да личи на сируп.
2. Потоа додадете го путерот од кикирики и мешајте додека не се соедини со бананата.
3. Додадете го овесот и убаво измешајте со претходните состојки.
4. Добиената смеса ставете ја во микробранова печка неколку минути.
5. Појадокот можете да го декорирате по желба – со цимет, парчиња чоколадо, боровинки …