Категории

РЕЦЕПТ: Брза и вкусна овесна каша за целото семејство

Почестете го вашето семејство со едноставен и здрав оброк кој ќе го направите во микробранова печка за само неколку минути, но вкусот на колачот ќе го паметите многу подолго…

СОСТОЈКИ:

  • 1 поголема банана
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 50 гр овес
  • цимет, парчиња чоколадо или боровинки

ПОДГОТОВКА:

1. Бананата убаво промешајте ја со вилушка. Масата што ќе ја добиете треба да биде толку мазна што да личи на сируп.

2. Потоа додадете го путерот од кикирики и мешајте додека не се соедини со бананата.

3. Додадете го овесот и убаво измешајте со претходните состојки.

4. Добиената смеса ставете ја во микробранова печка неколку минути.

5. Појадокот можете да го декорирате по желба – со цимет, парчиња чоколадо, боровинки …

Прегледи:
694
Објавено на:
16.02.2022