Категории

РЕЦЕПТ: Чај од кралски босилек за прва помош при кашлица и прелада

Миризливиот босилек го користиме како додаток во разни јадења но оваа билка крие и лековита моќ.

Египќаните им нуделе босилек на своите богови и го користеле за балзамирање. Се користи и за дишни проблеми како што се бронхитис, кашлица и прелага и за проблеми со дигестијата. Босилекот во Италија е симбол на љубовта, па италијанките го носат за да привлечат додворувачи.

Во народната медицина се користи против кашлица, бубрежни болести, главоболка и депресивно расположение, а чајот од оваа билка се користи против менструални тегоби.
Сок од листот се користи против прелада и воспаление на ушното тапанче а чајот од босилек е и лековит напиток.

Делотворен е и кај болести на мокрачните канали, делува како сретство за смирување, ја отстранува несоницата и ја ублажува нервозата, го поттикнува апетитот а младите мајки доилки би можеле секако да пијат чај од босилек затоа што го поттикнува создавањето млеко.

ЧАЈ ОД БОСИЛЕК:
Чајот од босилек се подготвува така што листовите од исушен босилек се преливаат со врела вода и се оставаат во поклопен сад до десет минути. Можете да го земате секој ден, но после секои осум дена треба да направите пауза од 14 дена.
Босилекот делува и на емоциите, така што тмурните и безволни луѓе ќе ги претвори во ведри.

Прегледи:
1695
Објавено на:
20.11.2020