Категории

РЕЦЕПТ: Чоколаден чизкејк со малини за празнична доза на хедонизам

Спојот од чоколадо и малини има некоја чудна моќ.

За чизкејкот сигурно веќе знаете, со тоа што тој не се пече, во него не оди желатин, полн е со чоколадо и кисели малини.
Вистинска чоколандно-малинеста фантазија.
Главната состојка на овој чизкејк е маскарпоне, чиј вкус го подигнува на повисоко ниво, што е адекватно за ова време.

СОСТОЈКИ:
За подлога

  • 150 гр. мелена плазма или некој друг кекс каков што имате
  • 1 лажица какао
  • 60 гр. путер
  • неколку лажици млеко

За фил

  • 500 гр. маскарпоне сирење
  • 250 мл. млечна слатка павлака
  • 200 гр. чоколадо за готвење со барем 49% какао
  • 100 гр.нутела, а наместо неа може и црна или млечна чоколада
  • 60 гр. шеќер во прав
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 350 гр. малини, свежи или замрзнати, но претходно добро исчистени

За прелив

  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 100 мл. слатка павлака

 

ПОДГОТОВКА:
На лесна температура стопете го путерот и изладете го до собна температура. Додадете го кексот, какаото и доливајте млеко додека не добиете смеса од која лесно можете да ја обликувате подлогата, не треба да биде ронлива. Распоредете рамномерно во калап со пречник 20 цм, па оставете во фрижидер додека го подготвувате филот.

Стопете ја чоколадата на слаба температура и оставете ја да се излади.

Маскарпонето измешајте го со шеќер во прав, додадете ја стопената чоколада, нутелата и екстрактот од ванила. Посебно изматете ја слатката павлака и додадете лажица по лажица во маскарпоне филот, лесно со шпатула соединете.

Додадете и малини и полека промешајте. Распоредете го филот преку подлогата и оставете го да се стегне и излати 5-6 часа а најдобро преку ноќ.

Утредента отстранете го калапот и прелијте го чоколадото со преливот кој ќе го направите така што слатката павлака и чоколадата ќе ги ставите на средна јачина на ринглата и ќе почекате да се стопи (не треба да зоврие), потоа смесата изладете ја и прелијте ја тортата со неа.

Кога глазурата малку ќе се стегне, декорирајте го чизкејкот по желба.

Пријатно!

Прегледи:
951
Објавено на:
28.12.2020