Категории

РЕЦЕПТ: Чоколаден колач од 4 состојки во здрава варијанта

За да го направите ова поздрава верзија на тортата, набавете квалитетен путер од кикирики и темно чоколадо. Остатокот од работата ќе ја заврши блендерот.

Совет плус: Ако апаратот е послаб и имате проблем со сечкање овесна каша, додадете малку вода.

Состојки:

  • 700 гр банани
  • 180 гр овесна каша
  • 250 гр путер од кикирики
  • 180 гр (темно) чоколадо

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте долга тава за леб со масло и обложете ја со хартија за печење.

Ставете банани, овесна каша и путер од кикирики во блендер и изблендирајте во мазна смеса. Додадете поголем дел од чоколадото и промешајте. Истурете го тестото во калапот. Одозгора наредете тенки парчиња банана и остатокот од чоколадото.

Печете 25 до 30 минути, додека чепкалката за заби со која ја пробивте средината не излезе чиста.

Пријатно!

Прегледи:
371
Објавено на:
16.10.2021