Категории

РЕЦЕПТ: Чоколадни брауни со сладолед и малини

Среќа испреплетена со освежувачки бобинки.

Секоја комбинација на десерт со чоколадо е примамлива, а ако додадете кисело овошје и сладолед, тоа е полн погодок и за вас и за вашето семејство.

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр темно чоколадо
  • 200 гр путер
  • 100 гр кафеав шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • малку сол
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 јајца
  • 150 гр брашно
  • 340 гр малини, свежи или замрзнати

ПОДГОТОВКА:

1. Стопете ги путерот и чоколадото на пареа, додадете какао и оставете сè да се излади малку.

2. Пронајдете подлабок сад во кој ќе ги изматите јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер.

3. Додадете чоколадо и путер, и матете кратко, потоа продолжете со миксер.

4. Во смесата додадете брашно и малку сол и изматете повторно.

5. Додадете малини во смесата, и лесно се мешајте со шпатула.

6. Ставете ја смесата на хартија за печење во плехот за печење.

7. Израмнете со шпатула и ставете го во загреана рерна на 180 целзиусови.

8. Оставете да се пече 40 до 45 минути.

9. Извадете од рерна и оставете да се излади целосно, само потоа исечкајте и послужете.

10. Ако сакате, можете да печете во тава за торта, да го декорирате готовиот колач со малини и да го сервирате со лажичка сладолед.

Добар апетит!

Прегледи:
521
Објавено на:
30.05.2021