Категории

РЕЦЕПТ: Чоколадни колачи – Омилениот десерт кој го обожаваат и малите и големите

Брзо се подготвува а уште побрзо и исчезнува.

Америкасните чоколадни колачи или American chocolate chip cookies се најпопуларен амерички десерт кој обично е омилен во текот на празниците. Според традицијата, за Божиќ на Дедо Мраз му се остава порција со колачи под елката во зна на благодарност за поклоните кои ќе ги донесе.

Поради својот карактеристичен вкус и структура тие се омилени слатки на децата и возрасните ширум светот, а многу деца сакаат да ги подготвуваат со родителите. Секако, постојат многу варијации на овој рецепт во кој се додаваат јаткасти плодови, овесни снегулки, какао, сушено овошје.. секој како ги сака.
Овој пат ви го предлагаме оригиналниот рецепт, со чоколадни парчиња.

СОСТОЈКИ:
(за 18-20 кекси)

  • 150 гр. путер
  • 100 гр. кафеав шеќер
  • 80 гр. бел шеќер
  • 1 јајце
  • 2 лажички екстракт ванила
  • 220 гр. брашна
  • 2 лажици густин
  • ½ лажички сода бикарбона
  • ½ лажички сол
  • 120 гр. чоколадни парчиња, мрвици или обична црна чоколада

ПОДГОТОВКА:
Изматете го путерот, кафеавиот и белиот шеќер. Додадете јајце и матете уше малку, па потоа додадете екстракт од ванила.
Соединете го брашното, густинот, содата бирбона и солта и додадете во смесата од путер и фино изедначете ја смесата. На крајот ставете 100 гр. чоколадо кое сте го изронале и промешајте го со шпатула.
Ставете ја смесата на 30 минути во фрижидер да се стегне.
На плех ставете хартија за печење, ша со лаица за сладолед вадете кугли смеса и ставајте ги на плех но така измеѓу две кугли да има поголемо растојание, затоа што во текот на печењето колачите ќе се рашират. На секоја кугла ставете и неколку чоколадни парчиња.
Печете во рерна 10 минути на 180 степени. Колачите извадете ги од плехот заедно со хартијата за печење и оставете ги да се изладат и стегнат а потоа префрлете ги на решетка да се изладат комплетно.

Пријатно!

Прегледи:
869
Објавено на:
14.12.2020