Категории

РЕЦЕПТ: Дали ќе му одолеете? – Фантастичен летен коктел од диња и џин

Коктелот кој ќе ве освежи најдобро во врелите летни денови е комбинација од сируп од диња, џин и краставица.

Овие омилени летни состојки кога ќе се здружат со минерална вода и нане се одличен спој на вкус на летото. Слатката овошна арома, свежината на краставицата и нанета со додаток на жестокоста на џинот ќе го претворат летното дружеве во ароматизирано уживање.

 

Потребни состојки:

  • 1 шолја вода
  • 1 лажица шеќер
  • замрзнато нане
  • сируп од диња
  • џин
  • 1 шолја минерална вода
  • коцки диња
  • парчиња краставица
  • мраз
  • листови нане

Подготовка:
Варете ја водата и шеќерот околу 30 секунди, а потоа тргнете од огнот и добро изладете. Додадете коцки диња и ставете во блендер. Додадете коцки мраз и замрзнато нане и миксирајте. После тоа додадете сируп од диња и џин па заедно мешајте околу 30 секунди. Додадете парчиња краставици и листови нане. Вашиот нов омилен летен коктел е подготвен за послужување.

Прегледи:
616
Објавено на:
25.08.2020