Категории

Рецепт: Еспресо колач по рецептот на Џејми Оливер!

Одлична мешавина на чоколадо и кафе! Рецепт на најдобриот Џејми Оливер…

Состојки:

200 гр бадеми, 200 гр црно чоколада, 175 гр несолен путер, 70 гр шеќер во прав, 4 јајца, 20 мл еспресо

Подготовка:

Загрејте ја рерната 170 степени и подмачкајте го калапот за печење (со дијаметар од 20 см).

Измелете бадеми, но внимавајте смесата да не стане леплива. Истопете чоколадо, путер и еспресо на пареа со постојано мешање.

Изматете ги жолчките и шеќер додека не добиете компактна смеса. Измешајте ја смесата со чоколадото, па додајте ги бадемите.

Изматете ги белките и додадете ги во смесата.

Печете 25-30 минути.

Пријатно јадење!

Прегледи:
434
Објавено на:
06.05.2018