Категории

РЕЦЕПТ: Идеален италијански Фокачо

Focaccia е еден од најпознатите медитерански рецепти кои веднаш ја стоплува душата и телото.

Фокачо е италијански плоснат леб сличен на нашата погача. Се пече на традиционален начин во рерна но се разликува по тоа што одозгора се украсува со зачински билки и разен зеленчук, може да служи и за правење сендвичи.

Во стариот Рим, панис фокачо бил рамен леб кој се печел на огниште. Како што се ширела традицијата, различните дијалекти и различните локални состојки резултирале со голема разноврсност на лебот.

Самото тесто фокачо содржи маслиново масло. Ароматични билки како рузмарин, оригано, и додатоци како што се лук, маслинки, шери домати, пиперки, сирење или месо се одлична декорација а служат и за да дадат уште подобра арома и вкус.

СОСТОЈКИ:

  • 450 гр. брашно
  • 25 гр. свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 250 мл. млака вода
  • 3 лажици маслиново масло
  • 100 мл. маслиново масло
  • 2 чешниња бел лук
  • 1 лажица бел лук во прав
  • 1 лажица сув рузмарин
  • 1 лажица крупна морска сол
  • маслинки
  • 1 гранче свеж рузмарин

ПОДГОТОВКА:
Во чинија ставете квасец, шеќер и сол, додадете млака вода и маслиново масло и додадете две лажици брашно и покријте со крпа на десет минути за квасецот да се активира. Додадете брашно, помешајте и заместе тесто. Веднаш развлечете го и ставете во претходно премачка правоаголен плех. Преку ставете фолија и оставете еден час на топло место.

Маслиновото масло загрејте го да биде млако, додадете ситно сецкан бел лук, бел лук во прав и сув рузмарин.

Отстранете ја фолијата и прелијте го тестото со масло а потоа со врвовите на прстите направете вдлабнатина. Повторно оставете 10-15 минути тестото да надојде а потоа додадете маслинки и посипајте морска сол.

Печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Сервирајте го фокачо со маслинки, сирење, пршута, месо.. Тој оди со се.

Прегледи:
1037
Објавено на:
01.12.2020