Категории

РЕЦЕПТ: Летна пита со цреши

Сезоната на цреши е во полн ек, а ова овошје е еден од најценетите видови за замрзнување, што е многу среќно, бидејќи може да се користи во текот на целата година. Сепак, најголемо задоволство е да користите свежи цреши, самo-набрани.

Омилен деликатес со ова овошје е класичната пита направена од готови кори, бидејќи брзо се подготвува, може да го задоволи непцето на голем број луѓе, а состојките се прилично евтини.

Покрај тоа, можете да го збогатите со мелени бисквити, јаткасти плодови или рендано темно чоколадо.

Состојки:

  • 500 гр. тенки кори за пиита
  • 1 кг. ислистени цреши
  • 200 мл. газирана вода
  • 100 мл. масло
  • 200 гр. шеќер
  • 150 гр. гриз или мелен кекс


Подготовка:
Поделете ги корите во групи од три парчиња. Измешајте ги маслото и водата колку што е можно повеќе. Намачкајте го плехот со масло или растопен путер. Кората премачкајте ја со мешавина од масло и вода, одозгора ставете уште една и повторете ја постапката; ставете ја третата кора, наредете ги вишните, посипете со шеќер и гриз или мелени бисквити.

Направете го истото со сите кори. Наредете ги свитканите ролати во плех и покријте ги со остатокот од смесата со масло и вода. Ставете ја питата во ладна рерна, па вклучете ја на 200 степени и печете околу 30 минути или додека не порумени. Кога ќе се испече, извадете го од рерна и оставете да се излади, па исечете го и послужете.

Пријатно!

Прегледи:
342
Објавено на:
15.07.2022