Категории

РЕЦЕПТ: Лесен медитерански ручек – Рижото со лимон и свежо нане

Лесно, освежително и вкусно рижото кое може да биде и ваш избор за романтични вечери на летниот ветрец..

Сите ја сакаме италијанската кујна, но имаме и тенденции самиот рецепт да го прилагодиме на нашите вкусови, на состојки кои моментално се во мода или на лични домашни рецепти мотивирани од „најдобрите моменти на нашите баби“. Денешниот рецепт нема да треба да го менувате бидејќи ќе ве воодушеви. Лесен и освежителен оброк кој е толку вкусен што ќе го повторувате често, а не само за ручек. Идеален е и за лесна романтична вечера на летниот ветер…

СОСТОЈКИ:

  • 300гр. ориз
  • 2 мали гравици црн лук
  • 150гр. пармезан
  • кори од 2 лимони
  • 2 дл бело видно
  • 1 китка нане
  • пилешки бујон – свеж или во коцка
  • 2 супени лажици маслинов масло
  • сол
  • свежо мелен бибер

ПОДГОТОВКА:
Нането измијте го, одвојте ги листовите и оставете неколку настрана за декорација. Варете ја супата на тивок оган додека не зоврие.

Во тава со дебело дно се додава масло и се загрева на ниска температура, се додава кромидот и се динста три до четири минути. Потоа додадете го оризот, прелијте го со супа за целосно да се покрие и варете три минути додека мешате.
Додадете бело вино. Намалете ја топлината. Истурете го најголемиот дел од преостанатата супа во оризот. Гответе на тивок оган 18 минути со редовно мешање, особено кон крајот, кога ќе има помалку течност. Доколку е потребно, додадете уште малку пилешка супа.

Изрендајте го лимонот и исечкајте ги листовите нане, додадете го во рижото и убаво измешајте. Доколку е потребно, зачинете со маслиново масло. На крај изрендајте го пармезанот и послужете.

Прегледи:
374
Објавено на:
09.07.2022