Категории

РЕЦЕПТ: Најдобриот рецепт за чоколадни палачинки кои сите ги обожаваат

Рецептот е едноставен – како и за стандардните палачинки, со само неколку измени.

СОСТОЈКИ:

  • 2 јајца
  • 150 грама брашно
  • 300 мл млеко
  • 30 гр маргарин
  • 40 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица какао во прав
  • 2 лажици шеќер
  • малку сол

ПОДГОТОВКА:
За почеток, скршете го чоколадото за готвење и стопете го со маргарин на тивок оган. Полека промешајте за масата убаво да се измеша.
Изматете ги јајцата со 2 лажици шеќер и малку сол, а потоа додадете половина брашно (75 грама) измешано со какао. Потоа истурете 100 ml млеко, и додека мешате додадете го остатокот од брашното додека смесата не стане густа. Потоа истурете го остатокот од млекото и мешајте ја смесата рачно или со миксер додека не исчезнат грутките. На крај додадете го растопеното чоколадо со маргарин. Покријте ја смесата со крпа и оставете да стои околу 30 минути на собна температура. Печете палачинки како и обично: во загреана и подмачкана тава, рамномерно од двете страни.
Палачинките можете да ги пополните како што сакате: со овошје, бисквити, крем, мед или шлаг.

Пријатен апетит!

Прегледи:
585
Објавено на:
02.07.2021