Категории

РЕЦЕПТ: Највусниот домашен сладолед од ванила

Кога ќе го пробате овој сладолед, вашата кујна редовно ќе мириса на ванила.

За овој сладолед од ванила потребни ви се само три состојки, а можете да го комбинирате со црвено овошје кое дополнително ќе го збогати вкусот на сладоледот. Инаку, сладоледот од ванила важи за еден од најпопуларните вкусови на сладолед во Америка, но и ширум светот. Оваа арома на сладолед одлично оди со колачи, но и со разни шејкови, ладно кафе и пити.

За да направите сладолед од ванила дома, потребни ви се само три состојки.

Состојки:
(Кондензирано млеко е конзервирано млеко, погусто од вообичаеното, незасладено и се користи за подготовка на одредени десерти или како додаток на кафе)

Подготовка:
Изматете ја слатката павлака и екстрактот од ванила, потоа додадете го кондензираното млеко и продолжете со матење.

Истурете ја смесата во калапот по желба и ставете ја во замрзнувач.

Сладоледот послужете го со црвено овошје, во ладно кафе или со чоколадна торта.

Пријатно!

Прегледи:
380
Објавено на:
16.06.2022