Категории

РЕЦЕПТ: Палачинки со јаболка – Совршен појадок за почеток на работната недела

Започна сезоната на јаболката, што значи, освен свежи, во наредните недели ќе ги јадеме и во пити, штрудли и разни други колачи. А уште еден сладок начин кој истовремено е и здрав појадок се палачинките со јаболк за кои во продолжение ви донесуваме супер брз рецепт.

 

Состојки:

  • ¾ шолји незасладен сос од јаболка
  • 2 јајца
  • ¼ шолја млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 и пол лажица овесни снегулки
  • 2 лажици прашок за пециво
  • 1 лажица цимет
  • ¼ лажица мелено мускатно оревче
  • ¼ лажица сол

Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мискирајте додека смесате не стане доволно соединета. Ако ви се чини дека тестото е премногу густо, додадете неколку лажици млеко. На тава загрејте го маслото и печете ги палачинките на средно силен оган 2-3 минути додека малку не збувнат и тестото не се наполни со меурчиња. Вртете ги на другата страна се додека не добијат благо румена боја. Од оваа смеса ќе добиете вкупно 6 амерички палачинки.

Прегледи:
536
Објавено на:
21.09.2020