Категории

РЕЦЕПТ: Панетоне – Сладок италијански празничен леб

Оваа слатка воздушеста погача е нешто без кое не може да помине нити една празнична трпеза.

Панетоне е сладок италијански пранзичен леб или колач и е неизбежен десерт на италијанските трпези за време на новогодишните и божиќните празници. Прошаран со кандидирано овошје, крцкава кора и воздушеста средина, нема да остави никого рамнодушен и без насмевка на лицето.

СОСТОЈКИ:

  • 225 гр. стопен и изладен путер
  • малку екстра девствено маслиново масло
  • 380 мл. млака вода
  • 1,5 лажици сув квасец
  • 1,5 лажица сол
  • 125 мл. мед
  • 8 изматени јајца
  • 1 лажица сок од лимон
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1,1 кг. брашно
  • 2 шолји мешано, сецкано, кандидирано и јаткасто овошје по желба
  • 1 јајце изматено со 1 лажица вода за премачкување
  • шеќер во прав

ПОДГОТОВКА:
Во голема чинија со вилушка измешајте вода, квасец, сол, мед, изматените јајца, стопениот и изладен путер, сок од лимон, екстракт од ванила и кора од лимон.

Измешајте го сеченото овошје и постепено додадете го во брашното, цело време лесно мешајќи со мешалка, се додека не го измешате целото брашно. Ќе добиете меко и лепливо тесто.

Кога ќе го измешате брашното, цврсто затворете ја чинијата со пластична фолија и оставете ја на собна температура два часа. За тоа време тестото малку ќе нарасне. Тестото изладете го во фрижидер околу час време.

Премачкајте ги калапите за печење со маслиново масло. Префрлете го тестото на добро набрашнета работна површина, подетелете на онолку делови колку што се потребни за калапите кои ги користите. Секој мал дел додатно набрашнете го и премесете го лесно. Обликувајте во кугли така што ќе го држите тестото во рацете а со прстите ќе ги завлекувате краевите одоздола. Формирајте кугли и ставете ги во премачканите калапи. Лесно покријте со благо намаслена пластична фолија и оставете да одстои 1 час и 40 минути. Нека тестото завземе две третини од површината на калапот. 20 минути пред крајот на нараснувањето на тестото загрејте го во рерна на 190 степени.

Печете во загреана рерна на решетка која сте ја поставиле на средина околу 50 минути. После печењето на слаткиот леб, посипајте со шеќер во прав додека е сеуште врел. Испечениот леб оставете го потполно да се излади пред сечење.

Пријатно!

Прегледи:
1658
Објавено на:
25.12.2020