Полнетите тиквички се вкусен и едноставен ручек и секогаш одлична идеа кога немате идеа што да подготвите.
СОСТОЈКИ: (за 5 особи)
- 6-8 тиквички
- 2 главици црвен лук
- ½ кг мелено месо
- 3 чешни бел лук
- 1 јајце
- 1 шолја варен оризЗа бешамел
- 1 и ½ лажица брашно
- малку масло
- ½ литар млеко
- 5 чаши кисело млеко
- вегета
- сок и бибер
- 100 гр. гауда кашкавал
ПОДГОТОВКА:
Меленото месо пропржете го со црвен лук и зачинете. Ког аќе излади, додадете го варениот ориз, белиот лук и јајцето.
Тиквичките излупете ги, (ако се млади само добро измијте ги и оставете ги со кора), и издлабете им ја средината.
Малку посолете ја секоја тиквичка па пополнете ја со фил.
Направете бешамел сос – на малку масло пропржете брашно, но внимавајте да не потемни, па налијте млеко и оставете да проврие. Зачинете по вкус и гответе го пет минути па оставете да излади.
Тиквичките ставете ги во огноотпорен сад па прелијте ги со бешамел сос. Помеѓу тиквичките, во сосот додадете малку средина од тиквичките која остана откако ги издлабивте. Зачинете.
Гауда или некој друг гашкавал поросете го по тиквичките. Ставете ги во рерна и печете на околу 180 степени за 30 минути. Сервирајте со кисело млеко.
Пријатно!