Категории

РЕЦЕПТ: Постпразнична салата со јајца, ротквици и млад лук

Бидејќи денес на празничната трпеза ќе има многу различни јадења и деликатеси, како и многу варени јајца, ќе имаме корист од рецептите во кои ќе може да се користат.

И да не сте подготвиле некоја од празничните салати, оваа е готова за десет минути, вкусна е, заситува и освежува.

Состојки:

  • 3 варени јајца
  • ротквици
  • млад лук
  • големи варени компири
  • десетина маслинки
  • 200 гр. мајонез
  • 180 гр. кисела павлака
  • сол
  • бибер
  • свеж магднос

Подготовка:
Измијте ги и сварете ги компирите, оставете да се изладат, а потоа излупете ги. Ротквиците исечкајте ги на листови, а младиот кромид на прстени.

Варените компири исечкајте ги на крупни коцки и изрендајте ги јајцата. Свежиот магдонос ситно се сечка. Соединете мајонез и павлака, па додадете ги сите останати состојки.

Додадете бибер по вкус, сè убаво измешајте и оставете убаво да се излади.

Готовата салата посипете ја со јаглика и сечканите маслинки, па послужете.

Пријатно!

Прегледи:
416
Објавено на:
25.04.2022