Категории

РЕЦЕПТ: Слатко од калинки на кое нема да можете да му одолеете

Израдувајте ги вашите сакани со овој неодоливо вкусен и едноставен десерт

СОСТОЈКИ:

  • 10-12 калинки
  • сок од лимон (природно исцеден)
  • 200 гр. лешници
  • 1-2 кесички (10 гр.) цимет
  • 1 кг. шеќер

ПОДГОТОВКА:
Секоја калинга внимателно исчисте те ја вадејќи ги зрната. Во лонец ставете ги сите зрна и додадете малку вода за да се сварат.
Оставете да врие околу 10-15 минути. Оставете малку да се излади.
Испсирајте со алатка и исцедете ја смесата низ газа.
Готовата смеса ставете ја на оган и додадете шеќер и цимет.
Кога слаткото ќе почне да станува густо, додате го сокот од лимон и исчистените лешници.
Мешајте постојано за да не загори.
Проверете дали е готово така што ќе ставете една лажица на порцеланска порција, ако не се разлева – значи дека е готово.
Ставете во загреана тегла додека е сеушт етопло.
Оставете преку ноќ пред да го послужите.

Прегледи:
1155
Објавено на:
12.10.2020