Категории

РЕЦЕПТ: Совршен Гаспачо за само 15 минути

Оваа студена супа од домати е традиционално јадење во Шпанија и Португалија и е толку неодолива кога ќе ја совладате техниката на нејзиното подготвува што нема да можете да се заситите.

Ова исклучително вкусно јадење кое изобилува со здрави намирници во себе има многу малку калории, се препорачува и како појадок во бројни диети.
Ви споделуваме како се подготвува а на вам е да уживате во одличниот вкус.

СОСТОЈКИ (за 4 порции):

  • 2 кг домати, исецкани на ситни парчиња
  • 1 црвена пиперка, исецкана на ситни парчиња
  • 1 голема краставица, излупена и исецкана на ситни парчиња
  • 1 главица бел лук
  • 1 главица црн лук, ситно исецкан
  • 4 лажици ситен босилек
  • сол и бибер
  • 4 чери домати исецкани на ситни парчиња
  • 2 лажици маслиново масло

ПОДГОТОВКА:
Во блендер ставете ги доматите, црвената пиперка, краставицата, белиот лук, црниот лук и половина босилек. Миксирајте ги сите состојки додека не добиете изедначена смеса. Додадете сол и бибер по желба.

Гаспачо послужете го во порции и декорирајте со босилек како и чери домати и маслиново масло.

Прегледи:
639
Објавено на:
11.10.2020