Категории

РЕЦЕПТ: Тестенини со пармезан и лимон – Брз и едноставен оброк

Едноставноста и богатиот вкус го красат ова јадење.

Покрај тоа што се подготвуваат неверојатно брзо, ќе ви требаат само неколку состојки за тестенини со лимон. Едноставноста и богатиот вкус го красат ова јадење, кое е направено од храна што често ви е при рака.

СОСТОЈКИ:

  • 1 лимон
  • 350 гр шпагети
  • 200 мл слатка павлака
  • 6 лажици путер
  • 5 лажици рендан пармезан
  • свеж магдонос
  • зачини, бибер

ПОДГОТОВКА:
Измијте го лимонот добро, изрендајте ја кората. Ставете ги тестенините да се готват во поголема количина вода. Ставете кисела павлака и кора од лимон во тенџере или подлабоко јадење и загрејте. Додавајте го лажица по лажица путерот додека не се стопи целосно. Тргнете го од оган. Кога тестенините се „ал денте“, додадете неколку лажици вода во која се готвеле тестенините и тестенините во садот со кисела павлака и кора од лимон.

Вратете се на оган и додадете пармезан. Ако сосот изгледа премногу густ, додадете малку повеќе течност од готвењето на тестенините. Додадете сок од еден лимон, зачинете со сол и бибер, посипете со магдонос.

Пријатно!

Прегледи:
523
Објавено на:
23.01.2021