Категории

РЕЦЕПТ: Вистинскиот рецепт за идеални американски палачинки

За да прекрасен почеток на денот со шолја кафе, ви го споделуваме најдобриот рецепт за амерички палачинки – усовршете ги вашите кулинарски способности во нивното подготвување како вистински маестро.

СОСТОЈКИ:

  • 200 гр. брашно
  • 2 лажици прашок за пециво
  • прстофат сода бикарбона
  • 2 јајца
  • 300 мл. млеко
  • 1 лажица масло или путер
  • прстофат сол
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Издвојте ги жолчките од белките, потоа добро изматете ги белките.
Изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, потоа додадете масло/путер, кратко измиксајте па додадете млеко.
Намалете ја брзината на миксерот и во смесата додадете брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и прстофат сол.
На крајот лесно изматете ги белките.

Тавата намачкајте ја со масло или путер, загрејте ја на средна температура и излијте одредена количина од смесата.
Кога ќе почнат да се прават меурчиња, палачинката е подготвена за превртување.

Пријатно!

Прегледи:
1224
Објавено на:
15.10.2020