Категории

Рецепт за балсам кој ги зголемува усните: За неколку секунди до полни усни

Знаевте ли дека пиперките и фефероните содржат висок процент антиоксиданси, витамини и минерали, а капсаицинот е особено употребуван во козметичката индустрија?

Овој пат ви претставуваме фантастичен рецепт за мелем за зголемување на усните. Заборавете на филери, помошта доаѓа од природата.

Се што ви треба се следните состојки:

  • половина лажичка мелен ѓумбир
  • половина лажичка лута мелена црвена пиперка или една капка од сокот од фефероните
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 грама пчелен восок
  • 2 капки етерично масло од пеперминт
  • неколку капки течен екстракт од јагода

Стопете го восокот и додадете му маслиново масло, тргнете го од оганот и додадете ги другите состојки. Добро промешајте, ставете ја смесата во сад и почекајте да се олади  и згусне па намачкајте ги усните. За краток рок усните ќе станат црвени и полека ќе се набабрат.

 

Прегледи:
691
Објавено на:
12.03.2018