Категории

РЕЦЕПТ: За вистинските љубители на чоколадо – Чоколадна пудинг торта

Не можеме со сигурност да кажеме на што припаѓа овој чоколаден десерт бидејќи не е класична торта, но не е ниту пудинг.

Она што е сигурно е дека ќе го обожаваат сите љубители на чоколадото, особено заради брзата и лесна подготовка.

СОСТОЈКИ:

  • 500 мл млеко
  • 100 грама шеќер
  • 100 грама црно чоколадо
  • 3 лажици какао во прав
  • 2 лажички агар-агар во прав (постен желатин)
  • малку сол

 

ПОДГОТОВКА:
Во подлабока тава истурете 400 мл млеко, 100 грама шеќер и малку сол и ставете го на тивок оган да се загрее.
Во чаша, промешајте 100 ml млеко и 3 лажици какао во прав. Мешајте додека не исчезнат грутките. Кога смесата ќе стане густа, додадете ја во загреаното млеко, и добро измешајте. Потоа додадете мелено чоколадо за готвење и продолжете со мешање на тивок оган. Во меѓувреме, растворете го агар-агарот со две лажици вода во мал сад, а потоа додадете го во шерпата со млеко и чоколадо. Измешајте ги сите состојки додека смесата не почне да врие. Кога врие, извадете ја смесата од шпоретот, истурете ја во калап и оставете ја да се излади добро во фрижидер неколку часа.

Пријатен апетит!

Прегледи:
579
Објавено на:
04.07.2021