Категории

РЕЦЕПТ: Здрава чоколадна торта која не дебелее и колку да јадете

Барате нешто слатко, но не сакате да го уништите вашето здравје? Пробајте го овој рецепт за чоколадна торта.

Состојки:

Сув дел:
• 180 гр овесна каша
• 100 гр овесна каша
• 120 гр мелени ореви
• 1 лажичка арома на ванила
• 120 гр мед
• 1 прстофат сол
• 2 лажици органско какао

Крем:
• 150 гр бело чоколадо со стевиа
• 180 гр путер од кикирики

Подготовка:
1) Измешајте овесна каша, мед, какао, ореви, ванила и сол. Смесата треба да биде сува, но леплива, а ако е премногу сува додадете малку кокосово масло или малку ладна вода.
2) 2/3 од смесата префрлете ги во плех со големина од 20 x 20 cm обложен со хартија за печење и убаво притиснете го.
3) На пареа растопете ја белата чоколада, додадете го путерот од кикирики и убаво измешајте.
4) Со кремот прелијте ја кората.
5) Остатокот од 1/3 од смесата со овес се прелива врз кремот додека е уште течен и лесно притиснете.
6) Се остава во фрижидер најмалку 2 часа да се згусне кремот.

Прегледи:
536
Објавено на:
02.01.2022