Оваа зима пробајте нешто поинакво кое доаѓа од руската традиционална кујна.
Во зимските денови ништо не може подобро да не згрее од чорба. А дали сте знаеле дека во Русија постојат дури преку 50 различни видови на чорби?
Помеѓу најпознатите е чорбата Боршт, слаткасто-киселка чорба и пикантен вкус и посебна боја. Огнената црвена боја се должи на цвеклото кое е најважна состојка на ова јадење.
Ако сакате да бидете здрави и да ја подобрите енергијата ви го донесуваме оригиналниот руски рецепт.
СОСТОЈКИ:
- 2 моркови
- 2 главици лук
- 4 компири
- зелка
- 2 цвекла со средна величина
- домат или лимон
- месо по желба (кокошкино, говедско, свинско или 500 гр. телешко)
- зачини (црн бибер, магдонос, ловоров лист, сол)
ПОДГОТОВКА:
Гответе го месото се додека не почен да се распаѓа, заедно со компирот. Во тава пропржете го лукот исецкан на коцки, морковот, изренданото цвекло и доматот. Додадете сол, бибер и шеќер.
Потоа месото и компирот извадете ги, месото исецкајте го на коцки и отстранете ги коските, а компирот со вилушка изгмечете го и вратете го во месото, на кого ќе додадете и насецкана главица зелка (на ситни резанки), два ловорови листа и неколку зрна црн бибер и сол. Гответе 20 минути. Потоа додадете пропржен лук, морков, цвекло, домат и исцедете половина лимон.
После тоа додадете месо и оставете да се готви уште половина час.
Кога ја сервирате чорбата, обавезно додадете и насецкан магдонос и лажица кисела павлака.
Пријатно!