Категории

РЕЦЕПТ: Зимско тирамису кое е идеален десерт за студените денови

Имаме совршен рецепт за сите оние кои обожаваат божиќни кекси и се големи обожаватели на десертот тирамису.

Стандардното Тирамису оваа есен ќе го направиме на малку поинаков начин. Соодветно на годишното време, познатите пишкоти ќе ги замениме со ароматични кекси. Резултатот ќе го видите и вкусите. Тирамисуто поради тенките кекси е уште покремасто отколку вообичаено. Доколку не сте обожавател на црно кафе, тогаш мелените кекси со какао и еспресо би биле одлична замена и подеднакво вкусни.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 кекси
  • 1 лажица цимет
  • 100 мл. еспресо
  • 1 жолчка
  • 50 гр. шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 200 гр. маскарпоне сирење
  • 3 лажици амарето
  • слатко сирење
  • какао во прав за посипување

НАЧИНА НА ПОДГОТОВКА:

Во сад измешајте го маскарпонето, ванилиниот шеќер, жолчката, слаткото сирење, циметот и амаретото и додадете шеќер па сето тоа измешајте го добро.
Подгответе го еспресото, потоа изронете кекси и распоредете го на дното на калапот така што цело дно ќе биде прекриено.

Ставете слој крем врз кексите. Потоа следи уште еден слој кекси сронети во еспресо. Потоа повторно слој крем. Така продолжете да ги редите се додека не ги потрошите сите состојки. Последниот слој треба да биде од крем.

Преостанатото еспресо посипајте го врз колачот. Потоа додадете и какао во прав па оставете најмалку два часа да се стврдни.

Прегледи:
549
Објавено на:
02.11.2020