Категории

Револуција во лакирањето нокти: Алатка која воодушеви милиони жени!

Откако ќе ја откриете оваа алатка, на лакирањето никогаш повеќе нема да гледате на ист начин!

Сигурно ви се познати оние ситуации кога со омилениот лак одите во кревет, подготвени да се лакирате, но тука наидувате на проблемот на балансирање на четката и држењето на лакот помеѓу палецот и показалецот, па се плашите дека тој би можел во секој момент да се преврти и да ви ја уништи постелнината.

Веднаш заборавете на тоа, зашто пристигна вистинската маникир револуција! Познатиот бренд „Tweexy“ одлучил да ви го олесни животот, смислувајќи едноставна алатка којашто ќе ви помогне непречено да ги лакирате своите нокти. Со неа, лакот секогаш ќе ви биде при рака и нема да постои страв од негово истекување.

Станува збор за силиконски држач којшто едноставно се наместува околу прстите, додека шишето со лак се вметнува во жлебот којшто ќе го држи цврсто додека вие си ги лакирате ноктите.

r

Женскиот свет едноставно полуди за оваа алатка. Инстаграм е преплавен со фотографии од воодушевени корисници коишто покажуваат на кои начини таа им го олеснила животот.

Но, ние за жал сè уште не сме имале шанса да ја испробаме оваа алатка лично, зашто држачот за лак „Tweexy“ за сега не може да се најде во продажба во нашиот регион. Сепак, се надеваме дека во брзо време ќе можеме да уживаме во неговото користење!

Прегледи:
523
Објавено на:
23.02.2016