Ријана ја продолжи соработката со Manolo Blahnik па заедно создаде нова капсула колекција насловена како “Savage“. Популарниот бренд на обувки создаде три нови стила на зимски модели. Кога познатата пеачка за прв пат ја оствари својата соработка резултираше со модели на чевли од тексас и светкави додатоци, додека овој пат дуото создаде парчиња од кадифе и проѕирни материјали.
Лимјитираната колекција ќе биде пуштена во продажба на 16 Ноември во продавници селектирани од брендот и исто така на неколку онлајн сајтови.