Категории

Ритуали за убавина кои морате да почнете да ги практикувате оваа есен

Секое ново годишно време бара адаптирање на постоечките рутини и ритуали во секоја сфера од животот. Есента е време за нови почетоци, подготвување на плакарите, но и адаптирање на нашата рутина за убавина и нега со новите временски прилики.

Сончевите врели денови се позади нас а зимското време допрва не очекува, поради тоа е погодно да се искористи овој прелазен период за практикување skincare ритуали кои ќе ја прочистат и опорават нашата кожа.

ЗАМЕНЕТЕ ГО ВИТАМИНОТ Ц СО РЕТИНОЛ
Со оглед на тоа што заштитата од УВ зраци е главна цел на сите производи кои ги користиме во текот на летото, сигурно сме дека дека сте го користеле витаминот Ц во разни креми и серуми.
Сепак, со пристигнувањето на есента, исчезнува потребата за користење на овој витамин, а дерматолозите препорачуваат привикнување на кожата на ретинол. Оваа состојка ја прави кожата чувствителна на сонце поради што тој треба стриктно да се избегнува во текот на летните месеци а доколку го користите во текот на зимата, внимавајте после негата да нанесете и СПФ заштита. Ретинолот е еден од состојките чии ефекти се видливи доста брзо, поради што слојот од мртви клетки на вашата кожа ќе исчезне за само неколку дена употреба.

ХИДРАТИРАЈТЕ ЈА КОЖАТА
Не е важно каде живеете, со студеното време доаѓа до намалување на влажноста на воздухот а во зависност од тоа кој е вашиот тип на кожа, таа може да стане доста сува и склона кон иритации. Со цел да избегнете сушење на кожата погрижете се во текот на овие месеци додатно да ја хидрирате и во својата рутина додадете некои од хидратизирачките масла како што е она од дива ружа или некоја доста богата хидратантна крема.
Во текот на зимата избегнувајте маски кои можат претерано да ја исушат вашата кожа.

ТРЕТМАНИ ЗА ЕКСФОЛИЈАЦИЈА НА КОЖАТА
Во текот на летните денови се воздржуваме од третмани со кои се врши ексфолијација на кожата, со цел кожата да не биде премногу чувствителна на сончевите зраци. Сега е вистинско време за да се вратите на омилените третмани како што се пилинзите и четките за длабинско чистење.