Категории

Роденденските стајлинзи на Бела Хадид

Популарниот модел својот 21-ви роденден го прослави доста ‘гласно’ и впечатливо прво споделувајќи експлицитна фотографија на својот инстаграм профил.

Својот ден како славеничка го започна со краток бел фустан од австралискиот бренд Daisy. Минималистичкиот фустан го искомбинира со чизми над колена и Dior ташна. Прославата продолжи до вечерта кога Хадид го промени својот стајлинг и облече тесен црн фустан од дизајнерката Pamela Rolland.

Прегледи:
381
Објавено на:
10.10.2017