Со 109 милиони фанови фудбалерот Роналдо е најпопуларната личност на Фејсбук, а со тоа тој успеа да ја симне од тронот Шакира која има 104 милиони следбеници.
Фудбалерот на Реал Мадрид можеби оваа година не беше прогласен за најдобар на светот, но затоа на социјалните мрежи е многу подобар од „вечната конкуренција“ Лионел Меси. Аргентинската ѕвезда има „само“ 82 милиони фанови.
Повеќе лајкови на „фејсбук“ имаат само официјалните страници на оваа социјална мрежа.