Категории

Роналдо напушти прес-конференција лут поради новинарско прашање

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја напушти од прес-конференцијата пред мечот со Рома поради тоа што еден новинар го праша за неговата неефикасност во последно време.

Новинарот го праша Португалецот зошто игра слабо надвор од Мадрид и дали се сеќава кога последен пат постигнал гол на гостински терен.

– Зошто играм лошо на гостински терен? Зошто сум неефикасен? Наведете ми еден фудбалер кој постигнал повеќе голови во гости од мене. Само еден. Не? Затоа што таков фудбалер не постои, изјави Роналдо, ги рашири рацете, стана и ја напушти прес-конференцијата.

Неговиот тренер Зинедин Зидан остана да одговара на прашања од новинирите, а реакцијата на Роналдо ја проследи со насмевка.

Реал Мадрид вечер од 20:45 часот гостува во Рим кај Рома во првиот дуел од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите.

Прегледи:
525
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
17.02.2016