Роналдо поради повреда ја пропушти првата пресметка со Манчестер Сити и неизвесно е дали ќе биде подготвен за реваншот во Мадрид.
Португалецот не е во најдобар однос со клупските доктори, па без нивно знаење, скришно заминал во приватната мадридска клиника „Рибер Интернасионал“.
Според клупскиот правилник, ниту еден фудбалер на Реал Мадрид не смее да посетува приватна болница без знаење на докторите, но Роналдо го прави она што тој мисли дека е најдобро за што е можно побрзо да се опорави.
Откако забележа дека пред болницата пристигнале новинари, со цел да не излезе скандал Роналдо се скри во гепекот од возилото со кое дојде и така беше изнесен од местото.
Останува да се види дали клубот ќе реагира на ваквиот потег на Кристијано Роналдо.
https://www.youtube.com/watch?v=-ucakuQWTJg