Категории

Ронда – Град кој е скриен во карпите под облаците

Сместен е во покраината Малага и се смета за еден од најстарите градови на светот.

Ронда први ја населиле Келтите кои во 6 век п.н.е. се нарекувале Арунди. Нешто подоцна финикијсците се доселиле во близина и го основале местото Ачинипо, локално познато како Ронда ла Виеја, Арунда или Стара Ронда.

Она што Ронда ја издвојува од идиличниот пејсаж на Малага е необичната и поинаква архитектура. Градчето се простира на две карпи помеѓу кои тече брзата планинска река Гуадалевин.

Најстарата градба која денес може да се види ја изградите Римјаните.
Се наоѓа на надморска висина од околу 750 м. Најпознатиот дел од градот е длабокиот кањон Ел Тахо, кого го пресекла реката Гуадалевин. Овој град го одзема здивот, преполн е со интересни случувања и богат е со локална традиција.

Она што секако е интересно е тоа дека градот отсекогаш им бил привлечен на бројни уметници па така познатиот амерички писател Ернест Хемингвеј често го посетувал ова место и уживал во него.

Најголемата атракција на градот е Пуенте Нуево или „Новиот Мост“ кој пружи извонреден поглед на панорамата на градот. Историјата на овој мост се поврзува за затворот кој се наоѓа на самиот мост.

Посебно место во овој град завзема и арената за бикови – Плаза де Торос. Таа е една од најстарите и најценети места за одржување борби а низ историјата тука се одржале и едни од најважните.

Прегледи:
710
Објавено на:
07.12.2020